Велемајсторот Богдановски играше симултанка со 30 битолчани, тројца извлекоа реми

Меѓународниот Славјански универзитет во Битола организираше шаховски турнир, а веднаш потоа и уникатен спектакл - симултанка со видни личности од градот под Пелистер на велемајсторот Влатко Богдановски.

Битолскиот велемајстор истовремено играше со 30 негови сограѓани.

„Кога една образовна установа е организатор на шаховски турнир и симултан натпревар, тоа е поздравување. Шахот е основа на компјутерската наука и верувам дека и во иднина ќе имаме вакви средби“, смета велемајсторот.

Само тројца битолчани, Сашко Павловски, Тони Коњановски и Весна Светозарева останаа непоразени и ремизираа со велејмасторот Богдановски.

Раководителот на меѓународниот славјански унститут,  Игор Михајловски потенцираше дека исполнета му е дамнешна желба со организацијата на овој шаховски спектакл. Битолчани веруваат дека оваа манифестација може да биде иницијална каписла за возобнување на шаховските активности на ШК Стево Патако.