Важни победи за Каруана и Лаграв во второто коло на турнирот на кандидатите

Вчера беа одиграни партиите од второто коло на турнирот на кандидатите за светски првак во шах во Екатеринбург (Русија). Американецот Фабиано Каруана и Французинот Максим Вашер-Лаграв забележаа победи и им се придружија на врвот на Русинот Јан Непомнијашчи и Кинезот Хао Ванг со по два поени.

Каруана го надигра Русинот Кирил Алексенко, Ванг ремизираше со Холанѓанецот Аниш Гири, а и Русите Јан Непомнијашчи и Александар Гришчук се согласија на поделба на поенот. Каруана, Непомнијашчи, Вашер-Лаграв и Ванг се на врвот со по два поени.

Победникот на турнирот ќе биде познат по одигрувањето на 14-тото коло и ќе го предизвика светскиот првак, Магнус Карлсен од Норвешка.