Ванчо Мишов победник на турнирот на ШК Цареви Кули во Босилово

За време на Божиќните празници во Босилово се одржа првиот шаховски турнир организиран од општината и ШК Цареви Кули од Струмица. Вкупно осумнаесет натпреварувачи се докажуваа на шаховските табли во текот на двата натпреварувачки дена при што се одиграа вкупно единаесет кола. 

Најдобар беше Ванчо Мишев од Моноспитово кој освои 10 поени исто колку што и Ѓорге Василев од Босилово кој имаше за 0,5 послаб Бухолц. Трет заврши младиот Мартин Велков од Моноспитово, кој од можни 11 освои 8 поени. Веднаш зад водечката тројка се пласираа Михаил Златанов и Надица Велкова по 7, Панче Панчев со 6 а Ване Вргов освои 5,5 поени.

Организаторите изразија задоволство од интересот за шаховскиот турнир пред се од младите кои покажале добри шаховски партии. Првите тројца добија симболични награди, а дел од учесниците добија и ваучери за бесплатна школа во ШК Цареви Кули Струмица.