Убедливи победи на Алкалоид и Гамбит на стартот на ЕКК во Порто Карас

Двата македонски претставници на Европскиот клупски Куп во шах, Алкалоид и Гамбит Асеко, со победи го започнаа натпреварувањето во Порто Карас. Првакот Алкалоид со максимални 6-0 го совлада холандскиот тим „MuConsult Apeldorn“.

Јангји Ју, Дмитри Андрејкин, Дмитри Јаковенко, Павел Елјанов, Трајко Недев и Филип Панчевски запишаа значајни победи.

Гамбит Асеко оствари стартна победа од 5-1 против „White Knights“ од Велс. Данчевски, Николовски, Стојчевски, Динев и Петар Арнаудов запишаа цел поен, а единствениот пораз го претрпе  Словенецот Богдан Подлесник.