Турнирот на кандидатите во шах стартуваше со неочекуван пораз на Динг

Турнирот на кандидатите во шах започна со голема сензација. На собирот во Русија се одиграа четири дуели, а најголемо внимание привлече неочекуваниот пораз на еден од кандидатите за првото место, Динг Лирен.

Херој на првиот ден е Ванг Хао кој остана со два пиони повеќе и го натера големиот фаворит да го запише првиот пораз на овој шампионат.

Дербито на првото коло се играше меѓу Максим Вашје Лаграв и Фабиано Каруана, а овој дуел заврши според очекувањата, без победник. 

Со реми заврши и дуелот меѓу Александар Гришчук и Кирил Алексенко, додека покрај Хао победа извојува уште Јан Непомнијачи, кој со црни фигури го надигра аутсајдерот Аниш Гири.