Турнир и симултанка на велемајсторот Богдановски за враќање на шахот во Битола

Меѓународниот славјански универзитет „Г.Р. Державин“ по вторпат се јавува во улога на дводневен аматерски шаховски турнир „Державин“, кој на 22 и 23 декември ќе се одржи во Битола.

Велемајсторот Влатко Богдановски ќе одигра ревијален симултан натпревар против јавни лица од Битола, етаблирани во својата професија.

Целта на оваа идеја е да се подигне јавната свест за шаховската игра, да се рестартира постоечкиот клуб и шаховската школа, кои подолго време не се активни, да се продолжи богатата шаховска традиција, која ја има Битола и да се стимулираат младите да ја играат оваа племенита игра.