Тројца победници на шаховскиот турнир „Штајниц 2024“ во Битола

Еден од првите шаховски турнири во новата година беше турнирот  на новиот шаховски клуб, Штајниц од Битола.

Дејан Ѓорѓијески, Адреј Вељаноски, Филип Михов и Кире Николоски се победници на вториот по ред меѓународен шаховски турнир „Штајниц 2024“, кој викендов се одржа во Битола. Специјална награда за млад шахист му беше доделена на Константин Лушески.

На шаховски турнир „Штајниц 2024“ учествуваа 46 шахисти од Грција, Србија и од Македонија, организирани од истоимениот клуб чии мотиви се популаризирање на шаховската игра меѓу младите, но и дружење на шахистите од сите генерации.

Турнирот со брозопотезен шах се одигра во девет кола.