Три екипи ја поделија титулата женски екипен првак на Македонија во шах

Во организација на Шаховската федерација на Македоноија се одржаа екипните шампионати во машка и женска конкуренција. На државното првенство на Попова Шапка настапија девет екипи, поделени во две групи. 

Гамбит Асеко СЕЕ, Алкалоид и Центар го поделија првото место со по четири бода, по 3,5 поени по табли, а и во натпреварите по групи имаа ист број бодови. Учеството на 28 шахистки, меѓу кои и најдобрата шахистка на Романија, Ирина Булмала.

Технички организатор на првенството беше ШК Анпасан, додека Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) партиципираше со 50% од трошоците на клубовите. Директен пласман за следното првенство обезбедија првите четири екипи, како и Прилеп и Кисела Вода.