Тони Лазов се избори за втора интернационална норма во Порто Карас

Младиот македонскиот ФИДЕ-мајстор Тони Лазов со 6,5 поени  го освои 23. место меѓу 98 шахисти на Светското првенство во шах за млади во Порто Карас, Грција,

Лазов се избори за втора норма за интернационален мајстор. Лазов првата норма ја освои на Европското првенство во Романија минатата сезона. На младиот член на Алкалоид сега му треба уште една норма за да стане интернационален мајстор.

На Мундијалот настапија вкупно 635 учесници од 79 држави.