Тони Лазов од ШК Алкалоид го освои турнирот на Славјанскиот универзитет

По одигрувањето на деветтото коло заврши турнирот за шах за млади категории во организација на Меѓународниот Славјански универзитет.

Првото место (златна плакета и лаптоп) го освои Тони Лазов од Неготино (шаховски клуб Алкалоид), втора беше (сребрена плакета и таблет) прилепчанката Викторија Велеска, а третото (бронзена плакета и шаховски сет) му припадна на Хедон Мифтари од Струга (шаховски клуб Алкалоид). Беа доделени и специјални плакети за: најдобрата шахистка и најперспективниот млад шахист.

Наградите ги додели првиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, Александар Алексеев, кој се обрати пред учесниците и го објасни значењето на шахот во Русија и Македонија.