Тинејџерот од Индија стана најмлад светски првак во шах!

Домарају Гукеш испиша шаховска историја, откако стана најмладиот светски првак во овој спорт. 18-годишниот Индиец ја доби 14. партија и со 7,5-6,5 го совлада Лирен Динг во директна битка за светскиот трон.

Изгледаше дека и оваа партија ќе заврши со реми, а одлуката ќе падне во дополнителните брзопотезни партии. Гукеш одигра одлично во завршницата, ја искористи нервозата кај ривалот и стигна до огромна победа. Клучниот момент беше размената на топови во 55. потег која ја понуди Динг. Младиот ривал го прифати тоа, па си ги разменија и ловците, а тинејџерот остана со два пиони, наспроти ривалот кој беше на еден. Во 58. потег Динг прифати дека е во безизлесна ситуација и го предаде мечот. 

На крајот Домарају Гукеш беше крунисан во светски првак на турнирот во Сингапур. Со тоа стана најмладиот кому му успеал ваков подвиг. Досега приматот најмлад шампион го држеше рускиот шахист Каспаров.

Велемајсторот од Индија оваа година освои и златен медал на шаховската Олимпијада со својата репрезентација.