Табаковски и Велески во врвот на Европското првенство во шах за амaтери

На Eвропското првенство во шах за амaтери (на кое право на настап немаат велемајстори и интернационални мајстори), koe се одигра во Мали Лошињ, Хрватска, од 25 август до 1 септермври настапија двајца македонски шахисти, ФМ Роберт Велески од Прилеп (категорија U2.300) и Дино Табаковски (категорија U2.000).

Роберт Велески го заврши турнирот со 5 поени од 9 партии, рангиран на седмото место, при што претрпе два пораза во последните две кола кои му го расипаа високиот пласман и шансите за медал.

Дино Табаковски како младинец од школата на ШК Алкалоид пред две години го освои второто место во категоријата U1.700 меѓу 80 играчи, а овој пат во повисоката категорија U2.000 меѓу 40 играчи влезе со рејтинг како петнаесетти носител. На крајот освои 5,5 поени и беше на делба на седмото место, а според тај-брејк критериумите е рангиран на осмото место.