Светскиот шампион Карпов се разбуди од кома, имал 2,76 промили алкохол во крвта

Легендата на светскиот шах и поранешниот светски шампион Анатолиј Карпов тешко повреден беше во вештачка кома, но рускиот велемајстор сега е свесен и полека заздравува од повредите. 

Карпов беше хоспитализиран во болница во Москва со тешки повреди на главата. Се појавија повеќе информации околу како тој се повредил, имаше шпекулации дека бил нападнат пред руската Дума, потоа и дека бил ограбен и претепан.

Но, вистината е друга. Велемајсторот кога бил примен во болница имал 2,76 промили алкохол во крвта, што јасно покажува дека бил во алкохолизирана состојба кога се повредил. А, такво нешто кажа неговата ќерка, која вели дека Карпов паднал во домот и доживеал тешки удари.

71-годишниот Анатолиј Карпов, кој ќе остане во болница уште некое време според зборовите на неговата сопруга, беше светски шампион во шах од 1975 до 1985 година.