Светскиот шах по 23 години доби нов предводник

Светската шаховска федерација ФИДЕ го избра својот нов претседател, откако вчера Аркади Дворкович победи на изборот за предводник на светката шаховска централа. Русинот беше избран со 103 гласа пред Георгиос Макропулос, а британскиот велемајстор Најџел Шорт се  повлече пред финалниот избор. 

Шахот доби нов водач и наследник на Кирсан Илјумжинов, кој беше на чело на светската шаховска федерација од 1995 година. Неговиот наследник Дворкович беше шахист и интернационален шаховски судија, а накратко го сочинуваше и тренерскиот тим на Гари Каспаров.

Нов предводник на Европската шаховска унија и натаму ќе биде Грузиецот Азмајпарашвили, кој е реизбран со 44 гласа.