Свечено отворено Европското првенство во шах во Скопје 

Денес во хотелот Хилтон и официјално со свечена церамонија беше отворен Европскиот шаховски шампионат во поединечна конкуренција.

Претседателот на Европскиот шаховски сојуз Зураб Азмаипарашвили ги поздрави сите учесници и гости, укажувајќи на важноста на настаните како што се Европското првенство во шах. Тој им посака на сите играчи фер игра и добри резултати и го прогласи шампионатот официјално за отворен.

Претседателот на шаховската федерација на Македонија, Благоја Богоевски, им се обрати на присутните и им се заблагодари на Владата и Агенцијата за млади и спорт на Македонија, менаџментот на Хилтон и Европската шаховска унија за организација на првенството.
Претседателот на Европскиот шаховски сојуз Зураб Азмаипарашвили му додели на директорот на Агенцијата за млади и спорт на Северна Македонија, Дарко Кaевски почесна плакета како симбол на благодарност за поддршка на настанот.

Дарко Кaевски не го криеше своето задоволство и истакна дека е многу среќен што во моментов во Скопје е во тек еден од најпрестижните шаховски настани ширум Европа им се заблагодари на организаторите а посебно на претседателот на шаховската федерација на Северна Македонија, Благоја Богоевски за целокупниот ангажман а исто така и на Европскиот шаховски сојуз.

На состанокот претседаваше главниот арбитер, Ашот Вардапетјан, началникот на Апелациониот комитет,  Адријан Михалчишин, и началникот на организациониот одбор, Благоја Богоевски. Распоредот и правилата на натпреварот беа објаснети на учесниците.

Првиот круг започнува денес во 15:00 часот по локално време.