Струмица го најави божиќниот шаховски турнир

Шаховскиот клуб ,Цареви Кули од Струмица го најави божиќниот шаховски турнир кој ќе се одржи на 11 јануари во хотелот „Сириус“ во Струмица. Турнирот ќе биде со натпреварувачки карактер и награден фонд од 72.000 денари. Ќе се игра по швајцарскиот систем со темпо од 10 минути и 5 секунди по потег (рапид шах)  според важечките ФИДЕ правила за рапид шах.

Право на учество имаат сите кои го сакаат шахот и веруваат дека може да се носат со ова игра на шаховските табли. Котизацијата по играч изнесува 800 денари, додека за лица родени 2008 и помлади, котизацијата е 600 денари. Предвидени се парични награди за најдобрите десет учесници на божиќниот турнир. Најдобриот ќе добие 18.000, второпласираниот 12.000 додека третопласиранниот 8.000 денари.

Предвидени се и специјални награди и тоа за најдобар струмичанец шахист, најдобар млад играч до 18 години, најдобар играч со возраст над 65 години како и најдобри играчи кои имаат до 1.700 и 2.000 рејтинг според рангирањето.