• Зоран Мишевски
Струга следниот викенд ќе биде домаќин на второто издание на Зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024”. Младинската шаховска школа, Струга, во соработка со шаховската школа Ласке“ од Охрид го организираат второто издание на зимскиот младински шаховски фестивал „Езерска кралица 2024”.
На турнирот свое учество планирано е да земат деца од Струга и Охрид, но се очекуваат деца и од другите градови од Македонија. Турнирот е дел од традиционалниот турнир „Езерска кралица“, кој оваа година слави петгодишен јубилеј, информираат организаторите.
Тие посочуваат дека турнирот е поделен во четири категорни групи: деца на возраст до 8 години, деца на возраст до 10 години, деца на возраст до 12 години и деца на возраст до 14 години. Ќе се игра швајцарски систем од шест кола со темпо на игра 10+5.
Турнирот ќе се одржи на 28 декември со почеток во 10:00 час во хотелот Дрим во Струга.