• Сашо Поповски

Дејан Стојановски, членот на Шаховскиот клуб Алкалоид, оствари забележителни резултати на Медитеранските игри „Checkmate CoronaVirus".
Турнирите се организирани од страна на Медитеранската Шаховска Асоциација, а учествуваа шахисти од дваесетина земји членки на асоцијацијата, меѓу кои Македонија, Хрватска, Црна Гора, Италија, Франција, Андора, Грција, Португалија, Алжир, Египет, Кипар и други.
Македонскиот велемајстор настапи на турнирите во Булет формат каде што го освои второто место во конкуренција на 380 играчи и Блиц формат каде што заврши на третото место во конкуренција на 541 шахисти.
Натпреварите се играат онлајн, со оглед на пандемијата со коронавирусот, а досега се одржани шест од вкупно десет турнири.