Станојоски и Манова победници на Отвореното првенство во шах

Македонскиот велемајстор од Прилеп, Звонко Станојоски го освои Отвореното првенство на Македонија во шах, кое девовиве заврши во Охрид. Со осум поени во девет партии и дури седум извојувани победи, Станојоски ја оправда улогата на фаворит и шахист со најголемо рејтинг.

ФИДЕ-мајсторот Тони Лазов и интернационалниот мајстор Никола Николовски ги освоија второто и третото место.

Ивана Манова е нова шампионка во женска конкуренција. Освојувајќи 3,5 поени во четири партии, таа го освои првото место пред Јана Анѓелкоска и Леа Ефтовска.

Европското првенство во Батуми, Грузија е следниот голем шаховски настап на кој пријавија свои селекции и нашите шахисти и шахистки.