Србинот Станковиќ победник на младинскиот шах-турнир „Ласкер 2019“

Србинот Бо­рис Стан­ко­виќ е победник на Ме­ѓу­на­ро­дниот младински тур­нир во шах „Ла­скер 2019“, кој се одр­жа деновиве во Охрид. Во кон­ку­рен­ци­ја на 62 учес­ници од Ма­ке­до­ни­ја, Ср­би­ја, Ал­ба­ни­ја и Бу­га­ри­ја, 14-годишниот Стан­ко­виќ освои се­дум по­е­ни од исто тол­ку ко­ла и ги оправда очекувањата пред почетокот на турнирот.

Второто место му припадна на Ал­ба­не­цот Але­ксан­дар Шем­бу­ла со шест, а трет заврши нашиот шахист Кон­стан­тин Лу­ше­ски со 5,5 по­е­ни.
 
Победници по категории: 
до осум го­ди­ни: Да­ни­ел Поп­за­фи­ров (Бу­га­ри­ја)
до десет години: Ан­дреј Ива­нов (Ма­ке­до­ни­ја)
до 12 години: Ан­тон Зла­тков (Ма­ке­до­ни­ја)
до 14 години: Бо­рис Стан­ко­виќ (Ср­би­ја) 
до 16 години: Ја­на Ан­ѓел­ко­ска (Ма­ке­до­ни­ја)
до 18 години: Дар­ко Ми­лев (Ма­ке­до­ни­ја).