• Саше Љолес
Српскиот шахист Александар Инџиќ е победник на Европското првенство кое се одржа во црногорскиот град, Петровац, а воедно оствари и пласман на Светскиот куп на ФИДЕ следната година.
29-годишниот Инџиќ е петкратен шампион на Србија, а со својата репрезентација минатата година го освои златото и во екипна конкуренција. Во моментов е на 125. место во светската ранг-листа со ФИДЕ рејтинг 2623, а неговиот пласман значително ќе се подобри по завршувањето на континенталниот собир.
GM Aleksandar Indjic clinches European Individual Chess Championship 2024!
Drawing against GM Daniel Dardha in the last round, Aleksandar Indjic emerged as the sole Winner of the event with the score of 9/11 points!
Indjic wins the top prize of 20.000 EUR and a… pic.twitter.com/fRBIzwkDy4
— European Chess Union (@ECUonline) November 19, 2024
Инџиќ стигна до европската титула откако во последното коло ремизираше со Белгиецот Даниел Дарда и го завери трофејот со вкупно 9 од 11 максимални бодови. Воедно, Србинот доби и убава парична награда во висина од 20.000 евра.
Европското првенство во поединечна конкуренција се одржува од 2000 година, а ова е прва титула за еден српски шахист.