Србија и Бугарија европски прваци во шах, Македонија со очекуван пласман

Спуштена е завесата на еден од најголемите шаховски настани во 2023 година. Со натпреварите од последното деветто коло во црногорскиот град Будва синоќа заврши Европското екипно првенство во женска конкуренција на кое солиден настап остварија двете македонски селекции.

Шахистите во завршното коло претрпеа пораз од Швајцарија со 3.5-0.5 и се пласираа на 34. место со шест бодови, две места послабо од рангирањето со кој допатуваа на Европското првенство.

На женскиот турнир, македонските шахистки во деветтото коло ја совладаа Финска со 3-1 и Европското екипно првенство го завршија со седум бодови на 27. место, пет позиции повисоко од рангирањето.

Златото во машка конкуренција го освои Србија, среброто Германија, а бронзата Ерменија. На женскиот турнир со златниот медал се закитија репрезентативките на Бугарија, европски екипни вицешампионки се шахистките на Азербејџан, додека третото место и бронзениот медал го освои Франција.