• Зоран Мишевски

Гости на шаховската лига „Кисела Вода 2019“ во текот на вчерашниот ден беа македонските велемајстори Роландо Кутиров и Драгољуб Јаќимовиќ. Тие ја прифатија поканата и одиграа симултанка на 21 табла. Меѓу „предизвикувачите“ се наоѓаше и талентираниот 15-годишен, Дино Табаковски. Ждрепката посака, Кутиров кој потекнува токму од Кисела Вода, да игра на 10 додека Јаќимовиќ на 11 табли.
Честа да го одигра почетниот потек на шаховската сумултанка му припадна на градоначалникот Филип Темелковски, кој всушност беше иницијатор на шаховскот настан и на возобновувањето на „Шаховската лига Кисела Вода“.
Иако, во текот на симултанката, шахистите од Кисела Вода импресионираа со својата борбеност, сепак на крајот, македонските велемајстори ја однесоа победата. Роландо Кутиров на одиграни 10 табли, славеше со 8-2, додека Драгољуб Јаќимовиќ на одиграни 11 табли победи со 9,5-1,5. Цел поен во средбата со Кутиров освои Кирил Николовски, најдобриот шахист на екипата Пржино додека ремизираа, неговиот соиграч Мирослав Ивановски и Никола Поповски од екипата на Село Драчево.
Со одлична игра, цел поен во средбата со велемајсторот Јаќимовиќ, освои Милован Матовиќ од општинската екипа ,Кисела Вода, додека ремизираше Зоран Велковски член на екипата Вембли.