Силна конкуренцијата пред традиционалниот турнир во забрзан шах на ШК Алкалоид

Традиционалниот меѓународен турнир во забрзан шах „Алкалоид Опен 2019“ ќе се одржи в сабота во хотел Континентал во Скопје, со почеток во 10:00 часот. Се очекува силна конкуренција на најдобрите шахисти од нашата земја и некои шахисти од соседството.

Турнирот ќе се игра во девет кола по Швајцарски систем според правилата за забрзан шах. Секој шахист ќе игра 15 минути, плус пет секунди по потег, согласно ФИДЕ правилата за забрзан шах.

Првите пет кола ќе бидат одиграни до 15:00 часот, а останатите четири по паузата. Доделувањето на наградите е превидено за 19:30 часот. Наградниот фонд е 130.000 денари, а победникот ќе добие 25.000 денари плус пехар.