ШК Алкалоид подготвен за Европскиот клупски куп во Струга

ШК Алкалоид со освоениот пехар

Најсилното екипно шаховско натпреварување, Европскиот Клупски Куп, по едногодишна пауза, оваа година се одржува од 17 до 24 септември, при тоа, повторно по 2015 ќе биде на „наш терен” во Струга.

Во 2016 година ШК Алкалоид го освои Европскиот Клупски Куп и ја понесе титулата Европски Шампион. Европското клупско злато беше освоено во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање. Во 2017 година ШК Алкалоид продолжи со успешен настап на Европскиот Клупски Куп и од Анталија (Турција) се врати со сребрениот медал.

За 2021 година клубот е подготвен за настап со неколку промени во својотмашки состав. Новина е фактот дека ШК Алкалоид за првпат ќе учествува на Европскиот Клупски Куп за жени со своја екипа.

Предводник на екипата е еден од најсилните светски шахисти, Велемајсторот Шахријар Мамадјаров (Азербејџан) кој настапуваше за Алкалоид во 2007, 2008, 2009 и 2019 година.  Рангиран моментално на шестото место на Светската рејтинг листа, еден од ретките шахисти кои ја поминале границата од 2.800 рејтинг поени. Познат е и омилен на шаховската јавност по својот бескомпромисен и динамичен стил на игра. Оваа година на елитниот турнир „Superbet Chess Classic” кој што се одржа во јули 2021 во Романија, во конкуренција на најсилните светски шахисти го освои првото место.

Велемајсторот Јуриј Криворучко (Украина) од странските засилувања досега има најмногу настапи за Алкалоид на Европскиот Клупски Куп, на вкупно пет настапи има одиграно 34 патии со мошне висок (74%) резултат, односно освоени 25 поени.

По успешниот настап во 2019 година, повторно во екипата на Алкалоид е шампионот на Соединетите Американски Дрежави за 2018 година Велемајсторот Сем Шанкленд, кој со репрезентацијата на својата земја беше и освојувач на златен олимписки медал во 2018 година. Во 2021 годиназад себе има неколку успешни турнири, победа на силниот затворен турнир „Prague Masters” освојувајќи 5,5 поени од 7 партии. На неодамна завршениот Светски куп 2021 стигна до четврт-финалето каде што по долга борба изгуби од поранешниот предизвикувач на светскиот првак Сергеј Карјакин.

Повторно во екипата е Велемајсторот Ернестолнакриев (Русија), европски шампион во поединечна конкуренција од 2016 година, кој за Алкалоид настапи досега на два Европски клупски купови и тоа 2008 и 2019 година.

За првпат во екипата на ШК Алкалоид ќе настапат:

Велемајсторот Данил Дубов (Русија), со светска шампионска титула во забрзан шах во 2018 година - освојувајќи го трофејот пред елитните велемајстори Магнус Карлсен(светскиот шампион од Норвешка), Шахријар Мамедјаров и Хикару Накамура (САД). Дваесетипет годишниот Дубов важи за еден од најкреативните шахисти, честопати со победи во прекрасен стил.

Велемајсторот Александр Предке (Русија), 27-годишен претставник на истата најсилна руска шаховска школа шахисти кој ќе ја засили оваа година екипата на Алкалоид.

Во составот на ШК Алкалоид се македонските стандардни државни репрезентативци и повеќекратни државни шампиони, интернационален мајстор Филип Панчевски и велемајсторот Трајко Недев. Капитен на екипата е велемајсторот Драгољуб Јаќимовиќ. Со освежен состав, искусните „фармацевти“ ќе ја продолжат и оваа година спортската битка за европскиот врв.

На Европскиот клупски куп оваа година се пријавени 38 екипи, меѓу кои како конкуренти за највисок пласман ќе бидат Меднји Всадник  (Русија)- шампиони од 2017 година, Нови Бор (Чешка) - второпласирани 2018 година, КПРФ (Русија) – вообичаено со мошне силен состав, Оферспил Чес Клуб (Норвешка) - со светскиот шампион Магнус Карлсен на првата табла. Во секој случај се очекува рамноправна и до крај неизвесна борба за подобар пласман и освојување на медали.

На Европскиот клупски куп во женска конкуренција, оваа година има релативно мал број екипи (само осум) , но како и во минатите години голем дел од врвните шахистки се членови на екипите што ќе се борат за највисок пласман и тоа: Монте Карло - повеќекратен освојувач на Европскиот Клупски Куп (со Александра Горјачкина која во 2020 беше предизвикувач на светската првенка), ГРЕКО Киев  (Украина) - со елитните шахистки сестрите Мизучук Ана (светска шампионка) и Марија (предизвикувачка и еднакво силна), а секако и најдобрата руска екипа Јужен Урал.

ШК Алкалоид во својот прв настап е рангиран во стартната листа према просечен рејтинг ва средината на табелата. Во својот состав ги има: интернационалните мајстори Полина Шувалова (Русија) - најдобра светска јуниорка до 20 години, потоа Екатерина Аталик (Турција) со Ирина Булмага (Романија) кои веќе настапија за победничката екипа на Алкалоид на неодамна завршеното екипно државно првенство за жени. Покрај нив, ќе настапат најдобрите македонски шахистки, долгогодишни државни репрезентативки: женски ФМ Моника Стојковска и женски ИМ Габриела Коскоска.