Шампионска партија на Алкалоид, Гамбит првпат поразен

Европскиот шаховски шампион, Алкалоид, ја забележа и третата победа во овогодишното издание на Европскиот куп на шампионите кој се одржува во Анталија, Турција.

Во рамки од 4. коло на овој собир, нашите шахисти со убедливи 5-1 славеа над францускиот претставник Ница. Победи за Алкалоид донесоа кинескиот велемајстор Лирен Динг (2.772 на првата табла), Дмитриј Андрејкин (2.705 на третата табла), кинескиот велемајстор Ју Јингжи (2.743 на четвртата табла), Русинот Дмитриј Јаковенко (2.710 на петтата табла) и Украинецот Јури Криворучко (2.693 на шестата табла), додека поразен беше Павел Елјанов, кој на втора табла беше совладан од Максим Легард.

Вториот македонски претставник во Анталија, Гамбит Асеко, го запиша првиот неуспех, откако со 5,5-0,5 беше поразен од Глобус, кој важи за прв фаворит за освојување на ова првенство. По четири одиграни кола Алкалоид и Гамбит имаат по 6 бода и се на делба од 3. до 10. позиција на табелата.