Шаховските репрезентации ги започнаа подготовките за Олимпијадата во Ченаи

Пред љубителите на древната игра е најголемиот настан во една календарска година. Македонските шаховски репрезентации во женска и машка конкуренција од вчера се на Попова Шапка на првата фаза од подготовките за претстојната Олимпијада во индискиот град Ченаи.

Женската репрезентација, предводена од селекторот Љубиша Андоновски, е во состав: Моника Стојковска (2.086 рејтинг поени) Ивана Манова (1.853), Драгана Николовска (1.904), Леа Ефтовска (1.610) и Моника Жежовска (1.611).

Селекторот на машката репрезентација Трајко Недев се одлучи за Звонко Станојоски ВМ (2407), Емил Ристески ФМ (2.391), Тони Лазов ИМ (2.377), Никола Николовски ИМ (2.372) и Андреј Вељаноски – (.2200).

Шаховската Олимпијада во Ченаи ќе се одржи од 27 јули до 10 август.