Шаховски велемајстор заедно со својата девојка пронајдени мртви во Москва

Шаховскиот велемајстор и шампион на Украина, Станислав Богдановиќ бил пронајден мртов, заедно со својата девојка во својот стан во Москва. 

Според пишувањата на локалните медиуми, со станот на Богдановиќ и Александра Вернигор биле пронајдени испразнети пакувања на азот оксид што би значело дека двајцата се отруле од гас. 

Богдановиќ во младоста настапувал за Украина, со кого освоил второ место на Европски шампионат, а потоа и титула првак на својата земја. Потоа тој се пресели во Русија, каде продолжи со своите настапи.