Шаховската игра на нерви продолжува, петто реми на Карлсен и Јан

Шаховската игра на нерви продолжува, откако и петтата партија за светски првак за 2021 година заврши без победник. Актуелниот бранител на тронот Магнус Карлсен по петти пат ремизираше со предизвикувачот Јан Непомњашчим, кој овој пат имаше бели фигури, па моменталниот резултат во финалето е 2,5-2,5.

Видовме „шпанско отворање“, а по ремито по 37. потег се чини дека рускиот шахист е понезадоволен од нерешениот исход..

„Јасно е дека тензијата расте и дека ќе биде сè потешко на кој било од нас да дојде до предност. Драго ми е што ќе имам слободен ден за подготовка“, изјави Магнус Карлсен по мечот.

Четврток е ден за одмор во Дубаи, а следната битка на програмата е в петок, кога Карлсен ќе има бели фигури.

Карлсен е најдоброрангираниот играч во светот од 2010 година, а светски шампион од 2013 година. Непомњашчим моментално е петти играч во светот, победи на „Турнирот за кандидати“, а ова му е прва борба за најласкавото признание во светот на овој спорт.