Шаховската година завршува со силен турнир на Алкалоид во забрзан шах

Шаховски натпревар на турнир на ШК Алкалоид

Во организација на шаховскиот клуб Алкалоид од Скопје утрово во хотел „Континентал“ во, започна отворениот турнир во забрзан шах „Алкалоид 2015“, кој ќе се рејтингува за рапид листата на ФИДЕ. Скопски Алкалоид по традиција на крајот на годината на сите љубители на шахот им овозможува целодневно дружење и можност да учествуваат во квалитетен турнир, на кој ќе настапат преку сто шахисти од цела Македонија, а ќе има и странски натпреварувачи.

Организаторот обезбедува трофеј, парични и други награди за победникот и за најдобрите во повеќе категории. Турнирот започна во 10.00 часот, а од 14.30 часот ќе се одигра и традиционалниот Отворен турнир за новинари во забрзан шах.