• Саше Љолес
Викендов во главниот град на Косово, Приштина, се одржува состанок на Управниот одбор на Европската шаховска унија (ЕКУ).
На неформалната вечера присуствувше првиот човек на ЕКУ, Зураб Азмаипарашвили, заедно со членовите на Управниот одбор, Јован Миловиќ, Арменд Будима и Ералд Дервиши, кои се претседатели на федерациите на Црна Гора, Албанија и Косово.
Покана за учество добија и преставници од Шаховската федерација на Македонија, а тоа се потпретседателот Агим Шемшиу и членот на Управниот одбор, Зоран Стојчевски.
На состанокот се разговарало за развојот на Европската шаховска унија, за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат националните федерации, како и за подобрување на соработката помеШаховѓу ЕКУ и шаховските федерации.