• Сашо Поповски

Најдобриот шахист на денешницата Магнус Карлсен доживеа изненадувачки пораз на онлајн турнирот „Бантер Блиц турнир“.
16-годишниот Иранец и еден од најперспективните играчи во светот, Алиреза Фиружа, успеа да го надмудри норвешкиот велемајстор со резултат 8,5-7,5.
Иранскиот тинејџер го нарекуваат „персискиот гениј“, на кого му се предвидува светла иднина. Сите очекуваат неговиот талент да дојде до израз во наредните неколку години и да му донесе големо ривалство со Карлсен.
Победата над големиот шампион на младиот Фиружа му донесе награда од 14.000 долари.