• Горан Упале
Машката репрезентација денес, во четврото коло од шаховската олимпијада убедливо ја совлада екипата на Ел Салвадор со 3.5-0.5. По еден поен освоија Антон Златков, Тони Лазов и Филип Панчевски, додека Никола Николовски на четвртата табла ремизираше со својот противник.
Женската репрезентација, за жал, не успеа да обезбеди поволен резултат против екипата на Перу. Во четврото коло изгубија со резултат 3.5-0.5. Половина поен за македонската репрезентација освои најмладата Моника Жежовска, на втората табла.
Во денешното петто коло машката репрезентација ќе биде пред уште еден голем предизвик, за противник ја има репрезентацијата на Бугарија. Женската репрезентација ќе игра против екипата на Саудиска Арабија.