Шахистите пак ремизираа, втор пораз на шахистките на ЕП во Грузија

Реми и пораз за македонските шаховски репрезентации на вториот ден од Европското првенство во Грузија. Машката репрезентација на Македонија одигра нерешено против Израел (2-2). Георгиев на првата и Николовски на четвртата табла впишаа победи, а поразени се Недев и Панчевски.

Македонија по две кола е на делба на 18-то место со четири освоени бода.

Девојките загубија со 3-1 од Словенија и со само 1,5 бода се при дното на табелата. Моника Стојковска победи на првата табла, а останатите Бејатовиќ, Манова и Коскоска претрпеа порази.

Во третото коло утре попладне, шахистите ќе се сретнат со Србија, а шахистките ќе ја предизвикаат Норвешка.