Шахистите на Алкалоид во Порто Карас ќе ја напаѓаат титулата во Европскиот Куп

Македонскиот шаховски шампион Алкалоид од утре до 18 октомври ќе учествува на Европскиот клупски Куп што ќе се одржи во Порто Карас, во Грција.

Пред две години Алкалоид во Нови Сад стана европски шампион, а минатата година во Анталија заврши на втората позција. И годинава „фармацевтите“ се со високи амбиции, бидејќи во својот состав имаат шест врвни светски велемајстори од Кина, Русија и Украина, а во тимот се наоѓаат и двајцата најдобри македонски шахисти.

Состав на Алкалоид за ЕКК 2018:

Динг Лирен, Ју Јангји, Дмитриј Јаковенко, Дмитриј Андрејкин, Павел Ељанов, Јури Криворучко, Трајко Недев и Филип Панчевски, а капитен на тимот е Драгољуб Јаќимовиќ.