Шахистите на Алкалоид пак ја одбранија круната на екипниот државен шампионат

Главниот фаворит и поранешен европски првак, Алкалоид го освои 21. трофеј од екипниот државен шампионат на Македонија во шах, кој овој викенд се одржа во хотел Дрим во Струга.

Во натпреварувањето на кое учествуваа осум екипи, двата македонски претставници на Европскиот клупски Куп во октомври, Алкалоид и Гамбит Асеко, имаа одличен тест на мечеви.  Алкалоид запиша шест победи и еден нерешен резултат.

Националната титула ја освоија ВМ Трајко Недев, ИМ Филип Панчевски, ВМ Звонко Станојоски, ИМ Дејан Стојановски, ВМ Драгољуб Јаќимовиќ и ВМ Влатко Богдановски.

Второто место го освои екипата на Гамбит Асеко со два бода помалку од првакот. Само шест од 27 првенства на Македонија не завршиле со триумф на „фармацевтите“.