Шахистите на Алкалоид очекувано најдобри на екипното првенство на Македонија

Според очекувањата, шахистите на Алкалоид се нови шампиони на Македонија. На 28-то екипно првенство, првакот запиша седум победи во седум дуели, играјќи само со домашно шахисти. Со 14 бода и со 25 победи, 16 реми и само еден пораз, „фармацевтите“ ја одбранија титулаtа.

Најдобри инвидуални постигнувања запишаа велемајсторот Драган Јаќимовиќ со пет победи од пет партии и ФИДЕ мајсторорот Тони Лазов со 4,5 бода од 5 меча.

Скопски Гамбит и изненадувањето Прилеп со десет, односно девет бода завршија на второто и третото место. За идвојување е подвигот на прилепчани кои во меѓусебниот дуел го совладаа фаворизираниот Гамбит.

Четвртото и петтото место со по осум бода го поделија Куманово и БМ Кисела Вода, а последното место им припадна на шахистите на МШК Центар.