Шахистите на Алкалоид без милост во Европскиот Куп, совладан и руски Санкт Петербург

Шахистите на Алкалоид сè уште не знаат за неуспех на Европскиот куп на шампионите, кој се игра во Грција, откако и по четири кола го задржаа максималниот ефект. 

Вечерва нашите шахисти ја извојуваа најзначајната победа на овој турнир и со сигурни 3,5 -2,5 го совладаа претендентот за највисок пласман рускиот Медни Всадник од Санкт Петербург. Лирен Динг одигра фантастична партија на прва табла и славеше над еден од најдобрите светски шахисти Петер Свидлер, додека победа за Алкалоид донесе и Петар Елјанов на петтата табла. Единствениот пораз го забележа Јури Криворучко на шестата табла од велемајсторот Алексеенко.

По четири одиграни кола само италијанска Падова им прави друштво на шахистите на Алкалоид со четири победи, но не уште долго, бидејќи двете екипи ќе се судрат во утрешното петто коло. 

Вториот наш претставник на овој Куп, ШК Гамбит стигна до нова победа, овој пат над естонски Реавл Спорт, 3,5 -2,5.