Шахистите 28-ми во Европа, Панчевски со историско постигнување

Македонските шаховска репрезентација од Европското првенство во Грција се врати со освоено одлично 28. место. Победата во последното коло против Португалија со 3,5-0,5, придонесе за финалниот исход, кој е подобар од рејтингот пред стартот на првенството - 33. место.

Интернационалниот мајстор, Филип Панчевски турнирот го заврши со шест поени од девет партии, што е досега најдобро постигнување на еден македонски шахист на едно Европско првенство.

Кај девојките Македонија шампионатот го заврши на 23. место со осум освоени бода. Моника Стојковска на првата и Бојана Бејатовиќ на третата табла беа наши најуспешни шахистки со 4,5 поени од можни девет.