Саудиска Арабија не им издаде виза на израелските шахисти

На повидок е скандал во светот на древната игра. Саудиска Арабија им го забранила влезот во земјата на шахистите од Израел, заради добро познатата политичка состојба меѓу двете земји. 

Седум израелски шахисти нема да настапат на силниот мундијалски турнир, кој од 26 до 30 декември ќе се одржува во Саудиска Арабија, бидејќи не добија влез на територија на Саудиска Арабија. Оваа земја не го признава Израел, двете земји никогаш не воспоставиле дипломатски односи и оваа одлука е очекувана.

Турнирот ќе се одржи според планираното, без шахистите од Израел, кои се вбројуваа и меѓу кандидатите за победа.