Сарачи од Косово е победник на шаховскиот турнир „Штип Опен 2026“

Во Штип успешно се реализираше меѓународниот шаховски турнир „Штип Опен 2026“ во организација на клубот Нов Напредок со учество на натпреварувачи од Македонија и соседството.

Победникот на турнирот е победникот од првиот турнир од 2024 година, интернационалниот мајстор Сарачи од Косово.

На турнирот во Штип учество земаа 111 натпреварувачи што го потврдува големиот интерес, без било какви забелешки во делот на самата организација. Покрај македонските пахисти настапија и професионалци од Бугарија, Косово и Србија.

Ова беше трето издание на „Штип Опен“, турнир кој веќе прераснува во традиција, а со тоа се враќа традицијата на шахот во градот под Исарот.