• Саше Љолес
Руската шаховска репрезентација нема да биде дел од претстојната Шаховска олимпијада во Узбекистан, откако Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) потврди дека суспензијата на националната федерација останува на сила.
Одлуката следува поради тоа што Руската шаховска федерација, според ФИДЕ, не ги исполнила обврските утврдени со пресудата на Судот за спортска арбитража (CAS), која наложи прекин на сите активности на териториите во Украина што се под руска окупација.
Федерацијата на Русија беше суспендирана во јуни, а рокот од 90 дена за усогласување со одлуката на CAS истече без да бидат исполнети поставените услови. Поради тоа, руските шахисти нема да добијат право на настап на најголемото репрезентативно шаховско натпреварување.
Годинашната Шаховска олимпијада ќе се одржи од 16 до 27 септември во Самарканд, Узбекистан, каде ќе настапат репрезентации од целиот свет, но без селекцијата на Русија.