Реми за двете шаховски репрезентации на ЕП во Батуми

Македонската шаховска репрезентација одигра 2-2 и ги подели бодовите со Шпанија, во рамките од седмото коло на 22. Европско првенство во Батуми (Грузија). Победи за нашиот национален тим запишаа Панчевски и Николовски на третата и четвртата табла, а поразени се Ѓорѓиев и Недев на првите две табли.

Русија и Германија се единствени непоразени и по седум кола се на врвот на табелата на Европското првенство. Македонија со две победи и три нерешени дуели е на 22-то место. Денес нашите шахисти се среќаваат со Шведска. 

На женскиот турнир, Финска и Македонија играа нерешено (2-2). Со три бода од седум кола, нашите шахистки се наоѓаат на 31 место и денес исто така ќе се сретнат со Шведска како и мажите.