Реми на македонските шахисти против Германија на отворањето на ЕП во Батуми

Македонската шаховска репрезентација со изненадувачко реми против Германија (2-2) ги започна натпреварите на машкиот турнир на Европското првенство во шах во грузискиот град Батуми.

Велемајсторот Кирил Георгиев на прва табла ремизираше со црни фигури против Дитер Ливиу Ниспеану, а поенот го подели Трајко Недев против Даниел Фридман. Георг Мајер го побди интернационалниот мајстор Филип Панчевски, Никола Николовски се избори за единствениот наш триумф, победувајќи го Расмус Сване.

Германија е деветти носител на турнирот, а Македонија е класифицирана дури на 29-тото место според просечен стартен рејтинг. Денес, во второто коло македонските шахисти ќе се сретнат со Израел.