Раџабов се повлече, но шаховскиот турнир на кандидатите нема да се одложи

Древната игра шахот е еден од ретките спортови кои се имуни на коронавирусот. Така претстојниот турнир на кандидатите за предизвикувач на светскиот првак од петти април редовно ќе се одржи во рускиот град Екатеринбург. 

Кинезот Хао Ванг, кој ќе настапи во Екатеринбург, побара да се одложи турнирот поради коронавирусот, а Азербејџанецот Тимут Раџабов се повлече, па неговото место го зазеде Французинот Максим Вашер-Лаграв.

Светската шаховска федерација (ФИДЕ) побара сите шахисти учесници на турнирот, официјалните лица и посетители да бидат подложни на проверка од медицински лица за евентуални симптоми на коронавирус пред да влезат во салата за играње, да користат средствa за миење раце врз база на алкохол, како и заштитни маски, а растојанието помеѓу шахистите и првите редови од гледачите во салата да биде најмалку 15 метри.

Ракувањата на шахистите пред и по партијата не се задолжителни, а превентивните мерки да бидат спроведени и во хотелот и службените возила кои ќе се користат шахистите за време на турнирот.