Првпат ќе се игра онлајн Шаховска олимпијада, измамниците најголема закана

Шаховската олимпијада оваа година требаше да се одржи во Канти-Мансијск и во Москва, но е поместена е за следната година. Сепак, Светската шаховска федерација (ФИДЕ) објави дека летово ќе организира Шаховска олимпијада преку интернет.

Шест натпреварувачи од секоја земја во мешан состав на шахисти и шахистки ќе играат по темпо од 15 минути плус пет секунди за секој одигран потег по играч.

Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) и официјално доби покана од ФИДЕ за овој настан и наскоро ќе се изјасни. Веќе утре треба да почне регистрацијата на националните тимови за турнирот, кој ќе се игра од 22 јули до 30 август.

Сепак, голем проблем за интернет-шахот е контролата и можноста за измама.