Пропуст или обид за измама? Тимот на Каруана „несакајќи“ објави тајни тактички подготовки

Карлсен Куарана

Неодамна се појави видео на кое јавноста имаше можност да ги види тактичките подготовки на Фабиано Каруана во пресрет на финалето на Светското првенство во шах во Лондон. Негов противник е бранителот на титулата, Норвежанецот Магнус Карлсен, кој по првите пет партии не успеа да обезбеди предност и ремизираше во сите наврати.

Видетото на кое беа објавени планираните отворања и одбрани на Американецот веднаш беше избришано, но предоцна за да остане незабележано од шаховската база на фанови. Првично тоа беше големо изненадување, но набрзо многумина се посомневаа дека се работи за манипулативен потег од страна на Каруана со цел да испрати погрешна насока за неговиот противник. Слични политики во своите кампањи користеше Доналд Трамп, сегашниот претседател на САД.

Ваквите моменти навраќаат на долгогодишното ривалство помеѓу Гари Каспаров и Анатолиj Карпов, во време кога ништо не беше надвор од границите за да се стигне до конечната победа. Се одеше до такви крајности што руската тајна полиција КГБ беше подготвена да прави криминални дела, а тоа го потврди еден поранешен агент во документарниот филм „The KGB plays chess“, кој призна дека во одреден период било планирано убиство, доколку ситуацијата тргнеше во непосакуван правец.

Засега нема официјална потврда за точноста на „филтрираните“ информации, но никој не верува дека истите ќе имаат некакво влијание врз Карлсен, кој важи за еден од најголемите тактичари на сите времиња.