Пријавени двајца велемајстори на првенството на Македонија во шах

Од 20 до 28 август Скопје и хотелот „Континентал“ ќе бидат домаќини на првенството на Македонија во шах, а веќе се најавува голема борба за титулата. 

Според објавениот список од Шаховската федерација на Македонија (ШФМ) на турнирот ќе настапат велемајсторите Кирил Георгиев (2.588), Звонко Станојоски (2.447), интернационалните мајстори Филип Панчевски (2.500), Никола Николовски (2.391), Орце Данчевски (2.341), ФИДЕ-мајсторите Тони Лазов (2.295), Љубиша Андоновски (2.276), Роберт Велески (2.189) и играчите без титула, Емил Ристески (2.130) и Емил Крстев (2.130).

Наградниот фонд на првенството изнесува 210.00 денари, а шампионот ќе добие 75.000 денари.