• Горан Упале
Индискиот велемајстор Гукеш Домараџу со бели фигури го совлада Кинезот Лирен Динг во третата партија од битката за титулата светски шампион во класичен шах.
Со овој триумф над бранителот на титулата светски првак, 18-годишникот го изедначи вкупниот резултат од серијата во Сингапур, кој сега изнесува 1,5 – 1,5.
Gukesh wins Game 3 as Ding Liren loses on time in a wild time scramble in a miserable position!https://t.co/5f4xGz83GS#DingGukesh pic.twitter.com/Tys85VzBgp
— chess24 (@chess24com) November 27, 2024
Натпреварот беше решен во 37 потези, а на 32-годишниот Динг му истече време да направи потег. Тоа е првпат по 31 година некој во дуел за светската титула да загуби поради истек на времето. Последен пат тоа му се случи на Британецот Најџел Шорт против Русинот Гари Каспаров во Лондон.
Инаку, Гукеш е поранешен член на македонскиот прволигаш Прилеп, а доколку успее да ја добие оваа битка со Динг ќе стане најмладиот светски шампион во историјата на шахот. Имено, најмладите светски шампиони во историјата се Гари Каспаров и Магнус Карлсен кои до светските титули стигнаа на 22 години.