Познати полуфиналистите на „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“

Карлсен

Познати се четирите велемајстори кои ќе бидат дел од полуфиналната фаза на турнирот „Magnus Carlsen Invitational Chess 24“.

Најдобриот шахист на денешницата Магнус Карлсен ќе биде предизвикан од Хикару Накамура и Фабиано Каруана од САД и кинескиот играч Лирен Динг. Тие обезбедија место во полуфиналето на едно коло до крајот на групната фаза.

Последниот шахист кој имаше шанса за пласман меѓу најдобрите четири беше Французинот Максим Лаграв, кој ја загуби последната партија против Каурана.

Турнирот се игра онлајн и има награден фонд од 230.000 евра.